Нашата приказна
Кога почнувам да раскажувам за твојата – моја приказна, целиот свет престанува да биде свет. Во истиот момент застануваат песните кои така молчливо ги замрзнуваат и сликите. Се затоплува духот во мене концентрирајќи се на површината на рацете кои така бесшумно започнуваат да ја предаваат енергијата на буквите што ја цртаат твојата безгранична чистина, твојот фантастичен поглед кон празнината кој, чиниш ја полни со уште празнини.
Приказната ти ја измешав со мојата, така што зборував на глaс во исто време додека ти ја зборуваше твојата. Ги споив во една заедничка, поголема, поубава, помоќна. Симбиоза не залудно ми беше омилениот збор, таа ја донесе најубавата симфонија во нашите приказни кои предходно беа сами и завиткани во својот застојан воздух кој полека им го скратуваше секојдневието додека тие индиферентно набљудуваа.
Нашата приказна започна во едно бело утро додека силниот ветер ги претресуваше ролетните бидејќи тоа веројатно му беше рутинска вежба, а и тие беа навикнати на таквиот напор, па нивниот звук беше скоро хармонизиран. Јас, така наивен сонувач, се будев допирајќи ти ги трепките со моето пијано лице од минатата ноќ и ненадејно полека почнав да ја испуштам вербата дека тоа е реалност. Сѐ додека ти не се пробуди и не ме гушна толку силно што целата енергија ми се собра на површината на телото враќајќи ми ја вербата во магичните чуда на реалноста.
Започнав заедничка приказна тоа утро, која заедно ја исполнивме со нашите утешни празнини. Патем заспавме, така наивно испреплетени во заеднички сон.
____________________________________________________________________
Secret Garden – Dreamcatcher >














јануари 8th, 2010 at 11:07
Е кај ја најде таа слика со пожолтени листови.. треба нешто повесело, станува збор за нов реален сон
..Ако не си се зачленил во групата на романтичари, веднаш да се зачлениш
март 2nd, 2010 at 12:38
Сѐ беше толку предвидливо, дури и пожолтените лисја се обидуваа да ми шепнат.. реалниот убав сон сега се претвори во кошмар, а требаше порано да го напишам коментаров, сигурно ќе беше радосен..