Зад крајот – нов почеток
Отсега
Ти ќе постоиш во буквите.
Јас во нотите..
Нашите животи ќе живеат
но не ќе дишат..
Нашиот идеален сон
ќе го чувам во уредни корици,
внимателно ќе ги листам страниците
другите ќе го читаат, јас ќе го чувствувам.
Нашиот идеален сон
ќе го чуваш во дирките на пијано
ќе го потпевнуваш во некој бакнеж
и само ти ќе ја знаеш мелодијата..
Отсега
Ти ќе постоиш во буквите.
Јас во нотите..
Нашите животи ќе живеат
но не ќе дишат..

____________________________________________________________________
Super700 – if love had no rules >














февруари 8th, 2010 at 15:52
е ова ми фалеше денес… тажно ама среќно.. убаво е кога има соништа ..кога има со кој да се поделат…
февруари 8th, 2010 at 15:53
ќе постоите во најубавите места, за мене е доволно
февруари 8th, 2010 at 15:57
колку болка има во песнава
но како што и ти вели насловот, исправи главата и почни од почеток, предавање никако не смее да има
февруари 8th, 2010 at 16:13
Вие сте добри пријатели.. изгледа, после сѐ, време да се навратам овде.. (=
Алтер, нештата ако не се ем тажни ем среќни, тоа сигурно се само мртвила од патетична поезија..
Мис, убаво е да си скромна. Сепак, факт е дека вечностите постојат само во најубавите нешта.. мораме да се помириме со тоа..
Блоу, кај си бе момче.. Е, секогаш си бил оптимист, ама само во зборови
Поздрави!
февруари 9th, 2010 at 00:27
„внимателно ќе ги читам страниците„…Јас би ги изела страниците. Ама батали, јас отсекогаш сум била ексцентрична…
Ох, ме трогна песничето…ќе им подарам боца кислород на животите…
поздрав краљ
февруари 9th, 2010 at 01:50
Фала Или, очајно им треба кислородот, ама за жал веќе решиле да го продолжат животот таму во вечноста каде што не треба кислород..
Поздрав!
февруари 9th, 2010 at 01:53
… убав си како нота …
…
…
…
… гуш
февруари 9th, 2010 at 10:53
Гоцо, ти си најубава на блогерајов!
И твоите гушки се со најголема топлина
Остани ми така фина, поздрав!
февруари 10th, 2010 at 01:08
Ars longa, vita brevis =)
февруари 10th, 2010 at 23:17
True!